Спортска програма

Спортскaта активност е клучна за правилен раст и развој на децата. Тоа е причината зошто спортската програма е застапена секојдневно во нашата градинка, таа вклучува: едноставни и сложени вежби за подобрување на моториката кај децата со индивидуални и тимски игри, координација на вежби, спортски игри, основни гимнастички елементи и организирање и посета на спортски натпревари.

За прв пат во Cool Kids ќе биде имплементирана јога за деца, која вклучува лесни вежби за истегнување, баланс и рамнотежа. Тие се ќе се спроведуваат во игра и музика од нивните омилени детски песни и анимирани цртани ликови.

Спортската програма вклучува уште еден нов сегмент, планинарење и излети во природа. Локацијата на нашата градинка нуди децата да имаат можност за чести и активни прошетки во природа. Децата се подготвени да ја истражуваат природата и да уживаат во денот посветен на градинка во природа.