Мисија на Cool Kids градинка

Периодот од раѓање до времето пред да тргнат на училиште, е период кога децата растат и се развиваат брзо во сите области од нивниот развој.

Секоја инвестиција кај децата во тој период е клучна за нив бидејки, сè друго во иднина е надградба на темелот што сме го поставиле во најраното детство.

Детски развој е патување , а не е трка. Треба на ова патување да внимаваме и да ја храниме нивната љубопитност, да ја потенцираме нивната креативност и да го негуваме нивниот талент.

Но, за ова детско патување се потребни и добри патокази. Тие патокази ги поставуваат родителите како први и најважни учители, а потоа е градинката која родителите ја одбрале за своето дете.

Драги родители, понекогаш се соочувате со дилеми дали се поставени вистинските патокази на вистинското место и во вистинско време, затоа, сега добро e да знаете дека не сте сами . Нашата градинка е тука за Вас и Вашите деца, заедно, не само да го поминеме ова патување, туку да танцуваме низ него.

CoolKids градинката создаде комплетно нов концепт на едукација, кој вклучува индивидуален пристап и дава еднаква можност за успешен старт во животот на секое дете кое ќе биде дел од нашата градинка.

Нашата мисија е да изградиме добар, цврст темел кај децата, за да можеме спокојно да се радуваме на нивните успеси кога ќе пораснат. Миговите што ги двоиме денес за да одговориме на нивните љубопитни прашања, ќе ни се вратат безброј пати повеќе кога ќе почнат да не воодушевуваат со начинот на кој тие го толкуваат светот.

Затоа изборот на градинка е важен чекор за целото семејство.