Reggio Emilia проекти
Месечни проекти водени по филозофијата на Reggio Emilia
Формата на Реџио пристапот е уникатна за настава и единствена што ги прави родителите, наставниците и децата еднакви акционери во едукацијата.
Во Реџио пристапот децата се оспособуваат да учат преку искуствата, преку допир, движење, слушање и гледање, тие мора да се во меѓусебна врска со други деца и со материјални предмети, на децата мора да им биде дозволено да истражуваат и децата мора да имаат бескрајно многу начини и можности да се изразуваат.
Стандардното образование инсистира на мноштво од предмети, учењето е обврска која се вреднува преку репродукција на знаења, оценки, награди и казни, додека во Реџио пристапот се водат според принципот на интересот на децата, ги оставаат на нивниот природниот развој, како и блиски односи што тие ги делат со нивната животна средина.
Затоа и во Cool Kids се почитува индивидуалноста на детето и ќе се работат месечни проекти водени од филозофијата на Reggio Emilia, кои ќе се базираат на определените теми кои се предвидени со програмата и се прилагодени на возраста и интересот на секое дете.