Утринска рутина и мотивација

Излегувањето од дома во утринските часови може да бидат доста стресно, подготовка за на работа, подготовка на децата за во градинка или училиште, миење, облекување, појадок... Но оваа рутина, може да се поедностави преку игра.

Психолозите советуваат кај помалите деца рутината да се започне со воведување на листа од песнички или цртани, и да се воведе правило дека кога, на пример, третата песна или цртаниот филм е завршен, тогаш е време детето да се облече и е подготвен да оди во градинка. Освен што ќе се забавува, детето ќе учи и како да го организира своето време.

Друг начин е организирање на времето кај малите деца е со креативни картички. Направете заедно картички на кои ќе има, на пример, дете како се облекува, друга со дете како се чешла, како се мие, картичка со наместен кревет ќе означува дека треба да го намести својот кревет и сл, и наредете ги по ред. Детето ќе ги разгледува картичките и ќе знае што по ред, треба да направи.

Најважно е да се воведат јасни правила и да се каже на детето што очекувате од него и што да прави , затоа бидете полни со трпение и разбирање.