Програма

Во Cool Kids градинка, програмата се изведува на македонски и англиски јазик. Со индивидуален пристап и внимание кон секое дете, ќе се имплементираат активности за децата кои ја потикнуваат нивната слобода, љубопитност за истражување, креативност и учење со игра за правилен раст и развој. Така децата стануваат компетентни, самоуверени и флексибилни личности спремни да стекнуваат нови знаења и вештини.

Стандардите кои се темел на програмата се составени од тим на врвни педагози, психолози и стручни соработници. Овие стандарди се донесени на светско ниво по извршени бројни истражувања, следења, консултации и експетризи од страна на интернационални експерти од UNICEF.