Зошто е важен изборот на градинка за родителите и децата

Последните истражувања покажаа дека децата кои одат во квалитетна градинка, полесно ги поставуваат темелите за среќен и успешен живот кој се создаваат во првите пет години од животот. Секоја инвестиција кај децата во тој период е клучна за нив бидејки, сè друго во иднина е надградба на темелот што сме го поставиле во најраното детство

Важно е да се знае дека секоја градинка има своја програма, углед, правила и принципи. Затоа родителите треба да ја одберат вистинската која одговара на потребите на детето и животниот стил на целото семејство.

Бенефитите од вистинскиот избор на градинка се многубројни, еве неколку :

  • - Самодоверба: децата мора да се чувствуваат задоволни со себе и да веруваат дека можат да бидат успешни. Во градинка тие се охрабруваат да пробат нови работи и се обидуваат повеќепати сè додека не успеат.
  • - Независност: децата мора да се научат да ги прават основните работите сами.
  • - Мотивираност: кај децата може и треба да се развие желба за учење.
  • - Љубопитност: потенцирање на нивната природна љубопитност, таа е една од најважните особини потребни за учење.
  • - Истрајност: охрабрување да го довршуват она што го започнале.
  • - Кооперативност: поттикнување на заедничката игра со други деца, за да научат да соработуваат и делат со другите.
  • - Самоконтрола: децата учат дека има добри и лоши начини да се изрази бесот и лутината и дека некои од тие начини, како удирањето и тепањето, се неприфатливи.
  • - Емпатија: децата можат и треба да разберат како се чувствуваат другите луѓе.