Едукативни компоненти

Програмата вклучува 6 едукативни компоненти, кои во текот на целата година се детално обработени, однапред испланирани и прилагодени за возраста на детето.

Book Corner - Комуникација и литература
Убаво да се изразуваме, правилно да говориме и читаме

Говорот на децата им е неопходен да ги изразат своите мисли и чувства, но во исто време тој им е неопходен да ги разберат и другите лица сo кои тие секојдневно стапуваат во комуникација. Јазикот се усвојува во одреден социјален и културен контекст. Во почетокот, тоа е семејството како примарна социјална средина, а подоцна тоа е градинката и пошироката социјална средина.

Можноста да интегрираат слушање, пишување низ игра од најмала возраст, секојдневно читање книги, прераскажување на приказни и нивна анимација ја зголемува љубопитноста кај децата и интересот за книги и читање.

Приказни во делот на денот кога е за одмор, тишина и релаксација, индивидуален избор на книга, потикнување на избор на омилен лик од книга, љубов кон поезија и учење песнички.

Book Party - Читањето книги заедно со децата ја стимулира нивната имагинација и го зголемува нивното разбирање за светот. Тоа им помага да го подобрат својот говор, да развијат вештини за слушање , прераскажување и негување љубов и позитивен однос кон книгите.

Art Smart
Мали уметници во овој ГОЛЕМ свет

Уметничкото искажување кај децата, поттикнува важни вештини како што се : креативно размислување, искажување на своите чуства и емоции, полесна адаптација во околината, формирање и развивање на уметнички стил, откривање и негување на индивидуалните специфични способности и развивање на истите и слободна комуникација.

Во Cool Kids со децата низ игра ќе се стимулира нивната фантазија за креирање , тие низ игра ќе учат за уметноста, ќе се навикнуваат на соодвтено и куллтурно однесување при општење со уметноста и ќе ја почитуваат и пронаоѓаат во секој сегмент од животот. Дел од активностите кои се дел од овој сегмент се : уметнички проекти, посета на музеи, гости уметници, сликање во ритам на музика, боење фигури од хартија или гипс, учење на музика и музчки инструменти, детски театар, креирање драмска игра, танцување и уште многу други.

Cool Math – Математика низ игра
Учиме и играме со бројки, бои, форми во градинка и математика во природа

Кога математиката е претставена низ игра, користење на математичкиот концепт освен умствено е од голема важност и за моторичкиот развој на децата . Се создаваат забавни игри со бројки, предмети, во различни форми и бои, ги цртаме на табли, лепиме магнети со нив. Децата на тој начин градат математички вештини со вклучено користење на абакус, игри со лего коцки, весела математика во природа и учење со природни материјали.

Our World
Нашиот свет, еден и единствен

Програмата се води од потребата на одредени видувања на светот што нè опкружуваат, одредени животни навики и одредени модели на однесување кон животната средина да започнат да се учат уште од најмалата возраст.

Со проектот “Немаме резервна планета”, децата од CоoolKids градинка ќе се едуцираат да се грижат за околината во која живееме, нашата урбана средина и природата.

Се презентира единствено искуство во посебна врска со децата и се подобрува чуството на одговорност и почит. Тука сме ние децата да ги запознаеме со светот на животните, растенијата, сите планини, мориња и целата природа што не опкружува. Ќе ја наблудуваме нашата природата, а ќе учиме и за вселената и другите планети.

Science corner
Мали Галилео научници и истражувачи

Децата од предучилишна возраст се постојано љубопитни, ја истражуваат околината и секој нов ден за нив претставува нов предизвик за учење на нешто ново . Тоа се многу важни откритија и се од голема важност во нивниот детски развој.

Програмата , мали научници е важна не само за децата да ги осознаат научните вештини, туку на тој начин се негува природната љубопитност кај нив. Во зависнот од темата на неделата се организираат научни детски експерименти.

Kids Health
Здраво се храниме и вежбаме

Децата од најрана возраст се учат, формираат став и однесување кое ќе има влијание врз нивната личност во текот на целиот живот. Затоа е важно, да се поттикне нивната способност и во иднина да можат сами да направат добри одлуки за своето здравје, да развијат позитивна слика за себе, секогаш да имаат здрав и избалансиран оброк богат со витамини и да бидат физички активни.

Освен здравата исхрана, ќе посветиме големо внимание на важноста на одржување на хигиената, личната хигиена , хигиената во градинката и чистотата во околината.

Нашето мото е да си ја чуваме природата чиста и да учиме за животната средина преку еко - проекти за екологија.